Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Пожарот излезе надвор од кавадаречката депонија, ситуацијата е доста алармантна, изјави Ангелов

25.08.2026, 15:21

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека е подметнат пожар на кавадаречката депонија.

Како што изјави тој, огнот излегол надвор од депонијата, ја зафатил околната сува вегетација, а од другата страна веќе навлегол во дрвјата.

Facebook · кликнете за да се вчита објавата

„Тука на лице место се кавадаречките пожарникари, коишто се обидуваат да воспостават контрола. Градоначалникот Митко Јанчев беше овде, испратена е механизација со којашто ќе се обидат пожарникарите да направат противпожарни пресеки. Ситуацијата е доста алармантна, наоколу има доста лозја и дрвја“, изјави Ангелов.

Поврзани вести