Сабота, 17 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Во Брвеница утре се бира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените

17.10.2026, 08:48

Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат на предвремените локални избори за избор на градоначалник, а денеска своето избирачко право го остваруваат болните и изнемоштените лица.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 88 болни и изнемоштени лица.

Во Избирачкиот список за десетте населени места во општината се запишани вкупно 16.256 избирачи. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет лица се наоѓаат во затвор или во притвор.

Избирачките места утре ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.

Поврзани вести