Четврток, 15 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Вработена во градинка во Берово згазнала дете, поднесена е кривична пријава

17.08.2026, 14:04

Полицијата поднесе кривична пријава против вработена во градинка во Берово затоа што згазила дете.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 06 јули, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца – градинка во Берово, згазнала на прст од рака на малолетно дете во градинката. Додека, второпријавениот, во истата установа упатувал закани на првопријавената.

фото/Depositphotos

Поврзани вести