Затвореник фатен со дрога додека користел отсуство од затвор

Дваесет и седумгодишен битолчанец, кој издржувал затворска казна, е приведен во Градско откако полицијата кај него пронашла повеќе видови дрога.
Според информациите од полицијата, во моментот користел отсуство од затвор.
При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети.
За случајот бил известен јавен обвинител, а битолчанецот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. По документирањето на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


