Приватен автобус удри во жена на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Жената со тешки повреди е пренесена во болница.
Според информациите на МВР, вчера во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од Б.А.(61) од с.Грчец, скопско, а кој сообраќал на градска линија број 12, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.С., констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.







