АКЦЕНТ: ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ ИСКУСТВО ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ИЗВЕДУВАЧ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРОЕКТ Е-ФАКТУРА

Во време кога дигитализацијата станува неопходен предуслов за конкурентност и ефикасност, македонските компании се повеќе бараат сигурни технолошки партнери кои можат да ги поддржат во трансформацијата на нивното работење. Една од компаниите што повеќе од три децении активно придонесува во овој процес е Акцент, домашна софтверска компанија со над 30 години искуство во развој на деловни софтверски решенија и дигитализација на деловните процеси.

Потврда за долгогодишната експертиза и доверба што Акцент ја има изградено во деловната заедница е и фактот што компанијата е изведувач на националниот проект е-Фактура. Станува збор за значаен чекор во модернизацијата на деловното работење во Македонија, чија цел е да овозможи побрза, побезбедна и поефикасна размена на фактури меѓу компаниите и институциите.

Со воведувањето на е-Фактура, се очекува значително намалување на рачната обработка на документи, минимизирање на можноста за човечки грешки и забрзување на административните процеси. Истовремено, компаниите ќе добијат поедноставен и посигурен начин на управување со документацијата, што ќе придонесе за повисока ефикасност и подобра деловна организација.

Како изведувач на проектот, Акцент активно учествува во неговата реализација, користејќи го знаењето стекнато преку долгогодишната работа со илјадници компании и различни деловни модели. Во развојот на решението посебен акцент е ставен на практичноста, сигурноста и едноставноста за користење, со цел транзицијата кон новиот начин на работа да биде што полесна за сите корисници.

Во текот на своето работење, Акцент има соработувано со повеќе од 110.000 компании, обезбедувајќи решенија кои ги поддржуваат секојдневните деловни активности на организации од различни големини и индустрии. Од финансиско работење и сметководство, преку продажба, малопродажба и угостителство, до деловна аналитика, извештаи и целосни ERP системи, компанијата континуирано инвестира во развој на технологии кои овозможуваат поедноставно, побрзо и поефикасно работење.

Денес, портфолиото на Акцент опфаќа повеќе специјализирани софтверски решенија. Меѓу нив е Collab – cloud ERP систем кој ги обединува сите деловни процеси во една платформа и овозможува целосна контрола врз работењето во реално време. За компаниите кои користат надворешно сметководство, тука е CollabBOX, решение кое овозможува ефикасно управување со материјалното и магацинското работење, продажбата и интеграцијата со веб-продавници. Дополнително, mCollab им овозможува на комерцијалистите и дистрибутерите пристап до информации и обработка на нарачки директно од терен, додека EasyPos претставува современо POS решение за продажни и угостителски објекти.

Специјализирани решенија се развиваат и за одредени индустрии. Vertico е наменет за управување со бензински пумпи и овозможува целосна контрола на прометот и работењето во реално време, додека epHotel ги поврзува сите хотелски процеси – од резервации и рецепција до финансиско работење и угостителски услуги.

„Фактот што Акцент е изведувач на проектот е-Фактура е повеќе од учество во еден технолошки проект. Тоа е признание за долгогодишното искуство, експертиза и доверба што компанијата ги гради повеќе од три децении. Компаниите кои ги користат нашите решенија можат да бидат сигурни дека работат со системи развиени од тим кој активно учествува во создавањето на дигиталната инфраструктура на иднината“, велат од Акцент.

Со повеќе од 30 години искуство, над 110.000 компании корисници и активно учество во национални проекти од стратешко значење, Акцент продолжува да биде еден од двигателите на дигиталната трансформација на македонската економија. Во услови кога технологијата се повеќе го дефинира начинот на кој функционираат бизнисите, компанијата останува посветена на развој на решенија кои носат поголема ефикасност, сигурност и долгорочна вредност за своите корисници.

Scroll to Top