Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска се сретна со Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Република Северна Македонија.
На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата „EU4Health“, што ќе се одржи утре во Брисел.
Пристапувањето кон „EU4Health“ претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, дигитална трансформација, безбедност на пациентите и зајакнување на здравствените капацитети.
Министерството за здравство, нагласуваат од таму, останува посветено на усогласување со европските здравствени политики и на создавање посилен, поефикасен и подостапен здравствен систем за граѓаните.







