СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Д.(41) од Скопје и Ж.Н. (54) од с.Брвеница, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
На 16.01.2026 на Попова Шапка, пријавените со ратрак превезувале туристи, без лиценца и без договор со националниот парк, а при обид да бидат спречени во намерата, упатиле закани кон вработените од Националниот парк, а потоа В.Д. се обидел да ги прегази, при што со механичка корпа, удрил еден од вработените.







