Синоќа во 21:30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Љ.Ѓ.(61) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се одбнесувал кон неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 16:40 часот на ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С.(39) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно сеоднесувал кон неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







