„Венко е сосема одлепен од реалноста, она што му го диктира Заев тоа и го повторува“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче на денешната прес-конференција, ги повтори трите постулати на СДС, а тие се ширење на лаги, манипулации и дезинформации. Впрочем, тоа го прави на секое негово појавување во јавноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.

„Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува.

Тука можеме директно да му порачаме дека јасен демант за неговите лаги се официјалните статистики кои го спроведува во јавноста Државниот завод за статистика.

Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top