(Видео) 30-дневен притвор за скопјанец: во неговото возило пронајдени пет килограми марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишниот Н.А. од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл. 215 став 1 од КЗ.

На 26.01.2026 на булевар „Илинден“ во Скопје, при извршен преглед на патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А., полициски службеници пронајдоа две патнички торби во кои имало марихуана.

Н.А. ја набавил дрогата за понатамошна продажба на лица на подрачје на град Скопје. Тој е лишен од слобода, а по извршеното вештачење утврдено е дека во торбите имало вкупно 4999,2 грама марихуана. Н.А. е изнесен пред судија на претходна постапка, при што одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Scroll to Top