Објавен е видеоматеријал „зад сцената“ од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“, кој открива дел од процесот на синхронизација на ликовите.
Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Јелена Јованова (Лефти), Гораст Цветковски (Рајти), Изабела Јакимова (Јакната Јасна), Ева Скендеровска (Дреска) и Тања Кочовска како наратор.
Во видеото учествуваат и статистите Јана и Миа Велеви, како и Александар Георгиевски.
„Лефти и Рајти“ е оригинален концепт на Наташа Дукоска, кој опфаќа сликовници, театарски претстави и анимиран филм за деца.
Краткометражниот анимиран филм е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Хрватскиот аудиовизуелен центар.
Видеоматеријалите се во продукција на Славјан Стојанов.







