Во атарот на Лазарополе повторно се појави мечка, а жителите на селото предупредуваат за внимателно однесување при евентуална средба со неа.
„Не викајте по неа, не мавтајте, не ја нудете со некаква храна, не и се приближувајте и останете незаинтересирани без брзи движења или трчање, полека оддалечете се без паника“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.
„Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи што не значи дека може да се појави и во близина на селото. Ве молиме сериозно да го прифатите ова предупредување“, се додава во објавата.







