Снег падна среде лето на врвот на Пелистер, кој се наоѓа на 2.601 метар надморска височина, на планината Баба, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер.
„Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покаже дека мора да го почитуваме“, објавија од Националниот парк „Пелистер“.







