Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам, истакна на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.
Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, како што рече, партиска прослава.
Тоа, според неа, е вистинското лице на оваа криминалната власт.
„ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница. И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот.
Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно: Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар?
Зошто документите се кријат од јавноста?
Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење“.
Според неа, криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните.
„Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно. Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени? Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа. Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода.
Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема.
Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема.
Само изјави, контрадикторни информации и „чувства““.
Граѓаните на Гостивар, потенцира таа, не бараат славење, партиски прослави и здравици.
„Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност.
Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар“.







