Внук ја натепал својата баба во скопска Кисела Вода, соопшти полицијата. Имено, синоќа во 20:19 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека во 18:30 часот во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот внук Е.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







