Во 2026 година, а заклучно со 13.10.2026 година, во Македонија е регистриран вкупно 71 случај на Западно-нилска треска, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

• Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 66 се водат како потврдени, а пет како веројатни.
• Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје (48 од град Скопје и 15 од општини во околина на град Скопје), три случаи од Велес (2 од Велес и еден од Чашка), два случаи од Кавадарци (еден Кавадарци, еден Росоман) и по еден случај е од Куманово, Свети Николе и Тетово.
• Регистрирани се 70 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
• Од регистрираните случаи, 52 или 73,2% се машки, а 19 или 26,8% се женски.
• Во однос на возраснаа дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 58 (81,7%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,5 години (SD ± 13,1 години; min 25, max 85).
• Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 39 или 54,9%, е регистриран во месец август. Со почеток на симптоми во септември се регистрирани 12 случаи (16,9%). Кај 17 случаи (23,9%) почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.

• Сите заболени со невроинвазивна болест (69) биле хоспитализирани, 67 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и по еден во Аџибадем Систина и Клиника Жан Митрев.
o Испишани – 56 или 81,2% од хоспитализираните потврдени случаи;
o Сè уште на лекување – 2 (2,9%) од хоспитализираните потврдени случаи;
o Починати – 11 од хоспитализираните потврдени случаи;
o Просечно траење на лекување (испишани/починати лица) – 15 дена.
• Во текот на 2026 година, до 13.10.2026 година, регистрирани се 11 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест на ЗНТ со леталитет од 15,5% од регистрираните потврдени случаи.
o Десет починати лица се од машки, едно лице од женски пол;
o Возрасна дистрибуција – просечната возраст изнесува 71 година (SD ± 5,9 години; min 62, max 83);
o Починатите лица се од Скопје (9), Росоман (1) и Куманово (1);
o Сите починати лица биле хоспитализирани;
o Кај десет починати лица се регистрирани коморбидитети.
o Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.
• На 11.08.2026, ЦЈЗ Скопје пријави епидемија на Западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Во текот на изминатата недела (07-13.10.2026), не се пријавени нови случаи на Западнонилска треска. Регистриран е еден смртен исход кај заболено лице од Росоман.







