Во недела неколку делови од Скопје ќе останат подолго без струја

Од Електродистрибуција информираат дека во недела (26.04.2026) од 05:00 до 15:00 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Во наведениот период, делови од Скопје ќе имаат прекини во снабдувањето.

Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, „Бранко Заревски“, „Антон Димитров“, „Славка Димкова“, „Иван Хаџиниколов“, „Сердарот“, „Герника“, „Киро Фетак“, „Ризо Ризов“, „Јанко Мишиќ“, „Живко Фирфов“, „Ратко Митровиќ“, „Речиште“, „Илија Ристовски“, „Корџевска“, „Домазетовска“, „Иван Тургењев“, „Коперникова“, „Волтерова“ и „Гутенбергова“.

Прекини ќе има и во дел од општина Кисела Вода, односно во индустриската зона долж булеварот „Борис Трајковски“ на потегот Пинтија–Драчево.

Scroll to Top