Генералка на Камениот мост и Плоштадот „Македонија: оттука туристите ја понесуваат својата прва слика за Скопје, вели градоначалникот Ѓорѓиевски

Голема акција за чистење градските служби денес спроведуваат во најстрогиот центар на градот. Се чистат Камениот мост и плоштадот.

„Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град. Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот.  Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички“ вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

 Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за целиот простор повторно да добие уреден и достоинствен изглед.

 Дополнително, од Град Скопје нагласуваат дека привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. 

Scroll to Top