Град Скопје информира дека во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 12 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 01 (од 9 до 10 часот), C3 02 (од 10 до 11 часот), C3 03 (од 11 до 12 часот), C3 06 (од 12 до 13 часот) и C3 07 (од 13 до 14 часот). „Граници на опфат на Градска четврт СЗ 01: – од запад и север: по граница на ГУП на град Скопје; – од исток: по оска на Бул “Илинден“; – од југоисток: по оска на улица “Тиранска“; – од југозапад: по оска на улица “Шарпланинска“; Граници на опфат на Градска четврт СЗ 02: – од запад и северозапад: по оска на Бул “Илинден“; – од исток: по граница на ГУП на град Скопје; – од југ и југоисток по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“. Граници на опфат на Градска четврт СЗ 03: – од североисток: по граница на ГУП на град Скопје; – од југоисток: по оска на улица “Тиранска“; – од запад и југозапад: по оска на улица “Лука Геров“. Граници на опфат на Градска четврт СЗ 06: – од северозапад: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“; – од исток: по оска на Бул “Илинден“; – од југоисток: по оска на улица “Лепенец“; – од југозапад: по оска на улица “Лука Ѓеров“. Граници на опфат на Градска четврт СЗ 07: – од север: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 15“; – од исток: по оска на река вардар, односно по граница на ГУП на град Скопје; – од југоисток: по оска на улица “Словенечка“; – од југозапад: по оска на Бул “Илинден“. Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата [email protected] “. Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.







