Грузиски државјанин пронајден мртов во Охридското Езеро кај Пештани

Вчера во 14:32 часот во СВР Охрид било пријавено дека од водите на Охридското Езеро, кај Пештани, бил извлечен давеник.

Екипа на Итната медицинска помош констатирала дека лицето починало, при што немало видливи повреди. Утврдено е дека станува збор за Б.Д. (46) од Грузија.

На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Scroll to Top