Двајца кичевчани приведени по напад врз полициски службеници

Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници при сообраќајна контрола во градот, соопштија од полицијата.

Настанот се случил на 24 јануари 2026 година во 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево, кога полициски службеници сопреле патничко моторно возило бмв, управувано од А.А. (31) од Кичево.

Според пријавата, А.А. (31) и Б.М. (20), исто така од Кичево, најпрвин вербално, а потоа и физички ги нападнале униформираните полициски службеници кои вршеле контрола во патниот сообраќај.

По целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top