Полициски службеници привеле две лица по пријави за физички напад врз нивните невенчани сопруги, соопшти СВР Охрид.
На 11 декември 2025 година во 22:45 часот, на кеј „8 Ноември“ во Струга, од слобода бил лишен С.Р. (30) од Скопје, кој претходно, во семејниот дом во Струга, физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, на 12 декември 2025 година во 02:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ќ.Ќ. (33) од селото Радолишта, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. И во овој случај, по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.







