Деветтото издание на Jazz Factory Festival ќе се одржи од 15 до 19 април 2026 година. Надминувајќи го класичниот фестивалски формат, Jazz Factory Festival прераснува во национално културно движење, кое ги поврзува градовите, уметниците, институциите и публиката преку современиот џез израз.
Годинава фестивалот ќе се одвива во Битола, Скопје, Демир Хисар и Охрид, со учество на уметници од Франција, Израел, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија,. Програмата обединува концерти, едукативни содржини, промоции на книги и професионални средби, создавајќи динамичен простор за развој на џез културата.
Идејното решение за плакатот е на Даниел Ѓурчиновски.
Фестивалот започнува на 15 април во Битола (Utopia) со прес-конференција, по што следува промоција на книгата „Walking on Masochism“ од Иван Благојевиќ директор на Нишвил Џез Фестивал (Србија) и концерт на квартетот на Христијан Ристески.
На 16 април, програмата се одвива на повеќе локации:
· Во НУ Народен театар Битола настапуваат Tribevibers – Blal Ljujić Pierre (Франција) и Mattan Klein – Gent Rushi Trio (Израел/Албанија),
· Во Pub Bourbon Street – Битола настапува Aleks Jazz Quartet,
· Во Скопје, Audiokultura е домаќин на австрискиот состав Oststyrian Rhythm Section, како и на промоција на книгата на Благојевиќ.
На 17 април, фестивалот става силен акцент на едукација и развој:
· Jazz Factory for Kids во Europe House Битола,
· Мастер клас на Lukas Meissl (Австрија),
· Доделување на наградата „Гоце Димитровски“ на Христијан Ристески,
· Во НУ Народен театар Битола настапуваат Voice and Bass (Унгарија) и Oststyrian Rhythm Section (Австрија).
На 18 април, ќе се одржи Годишната конференција на асоцијацијата на џез фестивали, со што се зајакнува регионалната и меѓународната соработка, додека вечерта во Дом на култура „Илинден“ – Демир Хисар настапува полскиот бенд JUMA.
Завршницата на фестивалот е на 19 април во Охрид (JazzInn) со концерт на JUMA (Полска).
Jazz Factory Festival 2026 посветува особено внимание на едукацијата, соработката и културната размена, обединувајќи млади таленти, етаблирани уметници и професионалци од индустријата. Преку мастер класи, детска програма и конференции, фестивалот активно придонесува за развојот на џез сцената во регионот, како и културната децентрализација во Македонија.
Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Битола и Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница: www.jff.mk. Билетите може да се набават онлајн преку веб-страницата на НУ Народен Театар Битола: https://narodenteatarbitola.com/buy-tickets-repertoire/
Физички билети се достапни на билетарата на НУ Народен Театар Битола, како и во Pub Bourbon Street – Битола.
Jazz Factory Festival 2026 ја поканува публиката да го доживее џезот како жива и современа уметност — како движење што пулсира низ градовите и создава нови културни врски.







