Дел од Центар утре без вода поради дефект

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека поради отстранување уличен водоводен дефект на улицата Ленинова бр. 56, на 4 мај 2026 година (понеделник) прекинато водоснабдување ќе имаат дел од жителите во Општина Центар.

Без вода ќе останат корисниците од улицата Ленинова, на потегот од улицата Никола Тримпаре до булеварот Партизански Одреди.

Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Scroll to Top