Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот корисниците од улицата Антон Попов, ООУ Кузман Јосифовски-Пито, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од дел од улицата 31-Волково, општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште;
– во периодот од 09.30 до 14.30 часот корисниците од дел од улиците околу старечки дом Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот дел од корисниците на улицата 81 и околните улици во Волково, општина Ѓорче Петров.







