Директор во Свети Николе склучил договори без тендери, една фирма заработила 3,4 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен директор на Шумско стопанска единица „Ѓуриште“- Свети Николе за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според информациите на МВР, полицијата во Свети Николе поднесе кривична пријава на Б.И.(62) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

„Во периодот од јули до ноември 2023 година, во својство на директор на Шумско стопанска единица „Ѓуриште“-Свети Николе, пријавениот не постапил согласно законските одредби за обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице и без да спроведе соодветна постапка склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти на пенушка со правно лице од село Бузалково, велешко, со што му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари“, соопшти МВР.

Scroll to Top