До четврток попладне локален дожд и грмежи, во петок невреме

До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира УХМР.

Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи изасилен ветер.

Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени.

Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Извор: УХМР

Scroll to Top