Жена од Гази Баба пријавила насилен напад од сопругот, му се заканувал и на нејзиниот син

Во полицијата е пријавено дека 47-годишна жена била физички нападната во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба.

Според пријавата, на 8 октомври 2025 година нејзиниот сопруг А.С. употребил тврди предмети при нападот, а потоа упатувал закани со остар предмет кон неа и кон нејзиниот син.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Scroll to Top