Жива е најдена исчезнатата жена од Орешани

Доцна синоќа, беше пронајдена исчезнатата 77 годишна Божа Каракушева, јавија членови на семејството.

Каракушева, која боледува од деменција, исчезна вчера околу 08:30 часот, кога излегла од нејзиниот дом во Орешани. Последен пат била забележана во околината на Драчево, кај локалитетот Три Круши.

Семејството изрази благодарност до сите кои помогнаа во потрагата.

Scroll to Top