Вчера во СВР Скопје, 64-годишен маж пријавил дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје.
Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1.000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







