За време на отсуството од затворот Идризово ја истепал поранешната девојка: уапсен 26-годишник од Скопје

Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 26-годишниот Р.С. од Скопје. Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.

Scroll to Top