„За прв пат во 20 години постоење, во Аеродром истовремено се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Четиригодишниот мандат на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше посветен на решавање на проблемите и хаосот создаден од претходниците, па потоа се премина на развој на општините. Еден од овие примери беше и општина Аеродром, која беше наследена со целосен урбан хаос, во која имаше повеќе кранови за згради, отколку насадени дрвја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И затоа на ова прашање беше посветено посебно и максимално внимание, за да се воведе ред во овој урбан хаос и тоа веќе може да се потврди и статистичките податоци кои покажуваат дека во овој четиригодишен мандат, споредено со претходниот, бројот на издадени одобренија на нови згради е намален за 86%.

Ова значеше многу помалку станови и многу повеќе вложување во инфраструктурата.

Во Аеродром за прв пат во исто време се градат основно училиште, детска градинка и спортска сала, нешто што досега не се случило 20 години откако постои општината.

Во општината се градат проекти коишто не се само железо и бетонска конструкција, туку се градат проекти кои значат радост за децата и проекти од кои ќе произлезат идните македонски спортисти.

Изминатите четири години, во спортската инфраструктура се вложуваше како никогаш до сега. На територија на цела општина Аеродром изградени и реконструирани се повеќе од 20 спортски игралишта, како и над 30 детски игралишта.

Не беше заборавена ниту инфраструктурата, така што реконструирани се повеќе од 40 илјади метри квадратни улици и тротоари, а во моментов се работи на уште дополнителни 20 илјади нови метри квадратни.

Покрај ова, посебно внимание се посвети и на отчетноста и транспарентноста пред граѓаните, така што Аеродром од целосно затворена општина за граѓаните, се претвори во втора најтранспарентна општина во Македонија. Тоа се должи на посветена работа во интерес на граѓаните и решавањето на нивните проблеми“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top