Шеесет и тригодишен скопјанец загина во сообраќајка што се случила вчера на патот Гостивар – Кичево.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од Маврово и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Возачот на возилото „пежо“, Н.С.(34) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.







