Започна реконструкцијата на улицата „Маркс и Енгелс“, најави Коњановски

Во централното градско подрачје започна реконструкцијата на улицата „Маркс и Енгелс“, а увид во градежните активности изврши градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Една од единаесетте локации кои денеска ги посетивме и на кои изведува градежни активности Општина Битола, е улицата „Маркс и Енгелс“ во централното градско подрачје. Во должина од 250 метри се изведува комплетна реконструкција што вклучува водоводна мрежа, канализација и коловоз. Сето тоа во вредност од 7,3 милиони денари.

Со ова централното градско подрачје ќе добие нова улица која многу ќе значи за жителите на овој дел од градот“ изјави градоначалникот на
Битола.

Scroll to Top