„ЗНАМ денеска излезе со соопштение во кое вели дека ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на „нови условувања“. Ова е класична манипулација. Нема нови условувања. Уставните измени се дел од европската преговарачка рамка уште од самиот почеток. Тоа не е „уцена“, туку основен услов за отворање на преговорите – што вчера јасно го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта“, велат од СДСМ.
„Реформи оваа власт не спроведува. Нека го прочитаат извештајот на Вајц и Комитетот на Европскиот парламент. Таму јасно се вели дека нема напредок, нема владеење на правото и дека постои странско мешање. ЗНАМ, партијата создадена и финансирана од Мицкоски за да ја разбие опозицијата, повторно ја брани политиката на изолација.
Наместо да им кажат на граѓаните дека без уставни измени нема напредок, тие повторно играат на картата на лаги – „национално достоинство“ и „уцени“. Ова е истата приказна што ја турка и ВМРО-ОКГ со месеци.
Целта е јасна: да се спречи Македонија да влезе во ЕУ, за да може криминалната група на Мицкоски и Максим Димитриевски да продолжат да работат без контрола и без одговорност.
СДСМ уште одамна рече: поддржуваме само една работа – внесување на малцинствата во Уставот. За сè друго – не сме и нема да бидеме дел од оваа криминална структура.
Доста е со лаги и манипулации. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, соопшти СДСМ.







