Изгоре „пасат“ на граничниот премин „Ќафасан“: нема повредени

Вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар, извести СВР Охрид.

Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.

Scroll to Top