Вчера во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг.
Според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари.
Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до денот на пријавувањето работата не била завршена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







