Измамен тетовец: останал без пари и без мебел

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(46) од тетовско.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

На 12.01.2026 во правен субјект во Тетово, пријавениот измамил 49-годишник од тетовско.

Имено, лицето се договорило пријавениот да му испорача мебел, по што му дал 3.550 евра, но мебелот не бил испорачан во договорениот рок, а му биле вратени само дел од уплатените пари.

Scroll to Top