Патник е повреден откако непознато лице фрлило тегла кон автобус на ЈСП што сообраќал на линијата 7 во Скопје.
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека додека автобусот се движел по булеварот „Трета Македонска Бригада“, непознато лице однадвор фрлило тегла кон возилото.
Притоа било скршено стакло од еден од прозорците, а со повреди се здобил патникот Т.Б. (61) од Скопје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.







