Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 07.08.2026, пријавениот, вработен како поштар, не доставил препорачано писмо до едно лице од Министерство за образование и наука, а се потпишал во нејзино име на листата за доставени пратки, со што ѝ нанел штета во однос на пропуштање на роковите за жалби при остварувањето на нејзините работнички права, а во врска со конкурирање на интерен конкурс за ментор – наставник.

Scroll to Top