Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

По денешниот состанок на работната група за Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, посочи дека однесувањето на СДСМ отвора сериозни сомнежи за нивните вистински намери во процесот.

„Ние уште од почетокот на процесот за измена или нов Изборен законик, изразивме сомнеж за искреноста на политичките актери – дали навистина се прави Изборен законик или само се води процес што нема да заврши со резултат“, рече Крмов.

Според него, тоа што СДСМ не дошле денес на состанокот е тенденциозно.

„Нашите сомнежи се дека ова е обид повторно да се цензурира Левица за наредните избори, затоа што од СДСМ очигледно се чувствуваат загрозени“, рече тој.

Крмов оцени дека во состојба на внатрешен хаос и неспособност во СДСМ, единствениот преостанат адут им е да ги задржат нефер условите на теренот.

Scroll to Top