Кумановец онлајн продавал бајонети и сабји – МВР го гони за неовластена трговија со културно наследство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г. (48) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост“, соопшти МВР.

Според информациите од полицијата, пријавениот во текот на 2024 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, купил бајонети, сабји, швајцарски целин за планинарење и фигура во облик на глава на лав, кои претставуваат добра под привремена заштита.

Како што наведуваат од МВР, тој потоа ги продавал предметите преку онлајн страница на социјална мрежа.

Scroll to Top