Лажен лекар измамил жена во Пробиштип: побарал 2.500 евра за операција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Имено на 03.06.2026 пријавениот измамил жена од Пробиштип за сума од 2.500 евра, претставувајќи се како лекар, кој наводно требало да направи интервенција на нејзината внука за лажна тешка телесна повреда при пад.

Scroll to Top