Маж од Делчевско ја нападнал и заклучил мајка му, имал 3,08 промили алкохол

Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40), откако било пријавено дека во семејниот дом во делчевско село повеќепати физички ја напаѓал својата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал.

Според пријавеното, вчера во текот на денот тој агресивно се однесувал кон мајка му и ја заклучил во соба.

При преземањето мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.

А.З. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top