Вчера во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 43-годишниот А.Г. од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка.
Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.







