Малолетници нападнале шест и пол годишно дете: го соблекле и го снимале во соблекувалната од спортска сала во Кочани

Вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријавил дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете.

Известен е јавен обвинител и Центар за социјална работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top