На 21.04.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Скопје пријавило дека неговата малолетна ќерка била уценувана од малолетник, со кого претходно била во врска.
Таа била уценувана дека доколку не ја продолжи врската, ќе објави експлицитни фотографии од неа.
Полицијата информира дека бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.







