МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран во оваа скопска општина.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападите се случувале во период од март годинава, па се’ до вчера кога случајот бил пријавен во полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.







