МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И.(21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки“ со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М.(54) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот.

Scroll to Top